Saturday, November 10, 2012

[Биологија] Паразитот што јаде јазици

Мислевте дека вие сте хардкор? Сте слушнале ли за Cymothoa exigua - паразитите што јадат јазици? Овие мајкоебачи се толку хардкор што навлегуваат преку жабрите на рибите и се прицврстуваат за нивниот јазик (Што кур? Рибите имаат јазици?). Иако мажјаците се само 15, а женките 29 милиметри долги, тие предизвикуваат серизозни срања кога ќе дојдат до јазикот. Откако убаво ќе се сместат, овие гадови пополека почнуваат да ја цицаат крвта од јазикот се додека тој не атрофира. Откако тој ќе атрофира тие го прицврстуваат нивното тело за јазичните мускули. Рибата потоа може нив да ги користи како јазик и тие почнуваат да се хранат од плунката што ја излачуваат рибите. Жити цицките на Благица Павловска, колку заебано е тоа? Овие мали мајкоебачи живеат во заливите на Калифорнија, Еквадор и Коста Рика. Најдени се примероци и во Велика Британија. Но чекај мислевте дека луѓето се безбедни? Пробајте да фатите еден. Имаат заби кои ќе ве натераат сериозно да зажалите што се заебале да го сторите тоа. 


Hello bitches!